Дома / Вицови / Образованиe / Шест единици

Шест единици

Трпе се прибира дома после училиште. Татко му го прашува:
– Какви ти се оценките на училиште?
– Па, тато…
– Кажи бе!
– Паааа… Имам шест единици…
– КОЛКУ?!?!
– Шест…
– По што ти е првата единица?
– По француски…
– Абе, магаре – зошто имаш единица по француски?
– Учителката рече да напишеме четири реченици и да си извлечеме заклучок.
И јас пишувам:
“1. Госпоѓата по француски оди со господинот по македонски.
2. Госпоѓата по француски оди со господинот по математика.
3. Госпоѓата по француски оди со господинот по информатика.
4. Госпоѓата по француски оди и со господинот по физичко. ”
Таткото рекол:
– Еј па таа била ороспија!
– Па и јас така и кажав и таа ми стави единица.
– Ајде, ти простувам за оваа единица. По што е следната?
– По математика… професорката ме прашува: „Колку е 5 по 6 ?“ и јас велам: „30“. Потоа ме прашува „А колку е 6 по 5 ?“
– Исти к**!
– И јас така и кажав и таа ми напиша единица.
– И овде си бил во право, простувам. По што е следната?
– По географија.
– Како така бе?
– Тато, ти знаеш ли каде се наоѓа Мароко?
– Уф да го е**м.
– Па и јас така и кажав и таа ми напиша единица.
– Добро – простувам . По што е следната?
– По биологија.
– Како успеа бе?
– Тато, професорката не нареди во два реда – во едниот ред женските, а во другиот машките.
Женските требаше да кажат пример од природата за женка, а тој од машките што стои спроти нив да го каже мажјакот. И Јана споти мене вели: „Мува“ и јас се мислам како е машко од мува и велам: „Мувоебец“ и професорката ми напиша единица…
– Добро, сине, добро. Кажувај за следната.
– Физичко. Професорот вели: „Кренете ја едната нога, кренете ја другата нога …“, а јас прашав „Професоре, на к*ров ли да стојам?“ И тој ми напиша единица.
– А последната?
– Музичко.
– И по музичко ли успеа да добиеш единица!!!
Трпе гневен:
– Тато после 5 единици на кого му е до пеење…

Обиди се со

Среќа

На испит по анатомија. Студентката: – Пенисот е машки полов орган со долгнавеста форма, кој …