Дома / Вицови / Образованиe (страна 8)

Образованиe

Постоење

Професорот: Ученици дали постои Господ? Учениците: Да постои! Професорот: Може ли да го видите? Учениците: Не! Професорот: Може ли да го допрете? Учениците: Не! Професорот: Епа тогаш не постои Господ. Ученик: Се извинувам професоре, можете ли да го видете вашиот мозок? Професорот: Не! Ученикот: Можете ли да го допрете? Професорот: …

Повеќе...

На час по географија

Наставник: – Што е оската на земјата? Студент: – Оската на Земјата е замислена линија која поминува од еден пол до друг, и на кој земјата се врти. – Многу добро. Сега, може да висат алиштата на таа линија? – Да, наставнику. – Навистина, а каква облека? – Имагинарна облека.

Повеќе...

Орган

На испит професорот гинеколог ја прашува студентката: – Кој орган го имаш ти, а јас го немам?– Мозок – одговорила таа.

Повеќе...

Пита

Трпе кажи една проста реченица – му вика професорката– Цветко јаде говна!– Ау Трпе, тоа не е пристојно. Плус ти реков да кажеш проста а не простачка реченица.– Па добро, тогаш, Цветко јаде пита.– Одлично, сега кажи зошто е оваа реченица проста?– Затоа што питата е со говна професорке!

Повеќе...

Жалење

– Трпе, зошто татко ти денес беше на училиште? – Учителката го викна за да се жали од мене. – И што стана? – Е па ништо, учителката ми кажа сега да ја викнам мајка ми, за да се жали од татко ми!

Повеќе...

Поговорки

Наставникот по македонски го испрашува малиот Трпе:– Трпе, ајде кажи ни една поучна народна поговорка.– Без алат нема занает.– Браво, ајде сега кажи ни уште една.– На паметниот и еднаш му е доволно!

Повеќе...

Абортус

Студент на ветерина полагал испит. На крај професорот му вика:– Слушај колега, ова до сега не ти беше баш најдобро, ама ако дојдеш утре со одговор дали кравата може да има абортус, ти пишувам шестка.Излегол студентот и по пат додека го мислел одговорот, сретнува пријател и го прашува.– Абе може …

Повеќе...

Браќа/сестри

– Мамо, мамо, учителката денес ме праша дали имам браќа и сестри кои треба да почнат со училиште наскоро.– Убаво од неа што прашала. Што ти кажа кога и одговори дека си единец.– Имало господ!

Повеќе...

Срце

На часот по биологија наставничката испрашувала и го прашала Трпе: – На која страна се наоѓа срцето? – На 65 страна од нашите учебници.

Повеќе...

Оценки

Трпе го прашува син му:– Сине, последен пат те прашувам кога планираш да ги поправиш оценките?– Тато, баш ми е мило што за последен пат ме прашуваш.

Повеќе...

Господ

На час по ликовно, наставнучката го прашува малиот Трпе:– Трпе, што црташ?– Господ, наставничке.– Но Трпе, никој не знае како изгледа Господ.– Сега ќе дознаете, наставничке.

Повеќе...