Дома / Вицови / Образованиe (страна 6)

Образованиe

Ластовички

Професор по биологија му објаснува на пријател :
– Иако може да донесат птичји грип, ластовичките се всушност многу корисни птици. Ги јадат мувите.
Пријателот „бледо“ го гледа и му враќа:
– Глупости!!! Во зима нема ниту една мува, а кога ќе долетаат ластовичките – муви насекаде!

Мјау мјау

Учителката му вика на Трпе:
– Кажи на англиски: “Мачката падна во вода и се удави”.
Трпе:
– Mjau bum in the water glugluglu no more mjau mjau”.

Ладно

Наставничката ги прашува децата:
– Деца, зошто сега во Америка е ладно?
Малиот Трпе дига рака и вика:
– Затоа што Колумбо ја открил, а никој не ја покрил.

Студенти

Си биле тројца студенти и умреле. Кога умреле отишле кај Св.Петар и тој му рекол на првиот:
– Каде студираш?
– Економски факултет.
– Ааа тоа е лесно, ќе одиш во пеколот.
Го прашува вториот:
– Tи што студираш?
– Медицина.
– Ааа тоа е тешко ти ќе одиш во рајот.
Го прашува и третиот:
– Ти што студираш?
– Електро.
– Ааа тоа е најтешко, ти ќе одиш во пеколот за да видиш што е рај.

Домашна задача

Учителката го прашува малиот Трпе:
– Кој ти ја напиша домашната задача?
А на ова Трпе и одговара:
– Не знам учителке, морав рано да си легнам.

Домашна

Учителката му вели на малиот Трпе утре да дојде со дедо му.
– Зошто учителке баш со дедо ми?
– Па да му кажам дека син му ги греши сите домашни!

Глагол

Наставничката му вели на Трпе:
– Кажи го во сегашно време глаголот оди.
– Јас одам, ти одиш, тој оди…
– Побрзо бе Трпе.
– Јас бегам, ти бегаш, тој бега…

Апсолвенти

Разговор на апсолвенти на државен факултет:
– Колега, уште колку испити имаш до крај?
Разговор на апсолвенти на приватен факултет:
– Колега, уште колку рати имаш до крај?

Испит

На факултет за теологија идни попови полагаат испит.
Излегува еден од испит и колегата го прашува:
– Што полагаше?
– Крштевка…
– И што направи?
– Ништо, ме бутна.
– Што ти падна?
– Бебето!

Работа

Си бил малиот Трпе и наставничката го прашува пред целиот клас:
– Трпе, што работи твојот татко?
– Мојот татко работи во стриптиз клуб за чичковци, па понекогаш е и приморен да се проституира со истите, но сепак… тоа е тоа и мора да заработи некој денар…
Шокирана од оваа вест, наставничката му вели да остане после часот да поразговараат.
– Трпе, навистина ли татко ти го работи ова? – Зачудено прашува наставничката.
На тоа Трпе одговара:
– Не наставничке, само срам ми беше пред цел клас да кажам дека игра фудбал за репрезентација.