Дома / Вицови / Образованиe (страна 4)

Образованиe

Погреб

Професорот:
– Што се случило после смртта на Наполеон??
Ученикот:
– Погреб, професоре!
Професорот:
– Тогаш, дојди му во август на 40 дена!

Ладно е

Учителката му вика на малиот Трпе:
– Трпе, затвори го прозорот, надвор е ладно.
А Трпе и вика:
– Учителке, надвор ќе биде ладно и ако го затворам прозорот.

Математика

На час:
– 2+2=4.
За домашна:
– 4*2=8.
На тест:
– Марко има две јаболка едното го јаде, а едното му го дава на другарот, пресметај ја масата на сонцето.

Домашна

Наставничката го прашува малиот Трпе:
– Трпе каде ти е домашната?
– Немаме веќе од домашната наставничке, ја испивме, само купечка ракија имаме.

Домашно

На час. Учителката ги проверува домашните:
– Петар, зошто немаш домашно?
– Вчера си ја повредив раката.
– Седи, единица. А ти Марике?
– Дедо ми се разболе.
– Седи, единица.
– А ти Tрпе?
– Вчера брат ми се врати од затвор.
– Се обидуваш да ме уплашиш, а? Седи двојка.

Броење

Учителката ги прашува децата:
– Знае ли некој да брои на Шпански ?
Се јавува малиот Трпе:
– Uno,dos, tres, cuatro….
Учителката:
– Продолжи Трпе!
– I know you want me.

Ластовички

Професор по биологија му објаснува на пријател :
– Иако може да донесат птичји грип, ластовичките се всушност многу корисни птици. Ги јадат мувите.
Пријателот „бледо“ го гледа и му враќа:
– Глупости!!! Во зима нема ниту една мува, а кога ќе долетаат ластовичките – муви насекаде!

Мјау мјау

Учителката му вика на Трпе:
– Кажи на англиски: “Мачката падна во вода и се удави”.
Трпе:
– Mjau bum in the water glugluglu no more mjau mjau”.

Ладно

Наставничката ги прашува децата:
– Деца, зошто сега во Америка е ладно?
Малиот Трпе дига рака и вика:
– Затоа што Колумбо ја открил, а никој не ја покрил.

Студенти

Си биле тројца студенти и умреле. Кога умреле отишле кај Св.Петар и тој му рекол на првиот:
– Каде студираш?
– Економски факултет.
– Ааа тоа е лесно, ќе одиш во пеколот.
Го прашува вториот:
– Tи што студираш?
– Медицина.
– Ааа тоа е тешко ти ќе одиш во рајот.
Го прашува и третиот:
– Ти што студираш?
– Електро.
– Ааа тоа е најтешко, ти ќе одиш во пеколот за да видиш што е рај.