Дома / Вицови / Образованиe (страна 3)

Образованиe

Хемија

Професор по хемија, на час, им вика на студентите:
– Гасот во оваа боца е смртоносен, доколку за несреќа протече боцата, какви чекори ќе превземете?
– Брзи, многу брзи чекори!

Клима

Трпе на испрашување по географија:
Наставничката:
– Трпе кажи ми каква клима владее во Македонија?
Трпе:
– Бизнис клима.

Фејсбук

Седел ученик на час и напишал статус на ФБ:
– Сите учат, само јас на Фејсбук.
По извесно време, коментар од професорот:
– Ќе станеш да си го видиш кецот или да те тагнам?

Математика

Наставничката по математика го прашува Трпе:
– Ако татко ти месечно ти дава по 1000 денари, колку денари ќе имаш за 4 месеци?
– Ниту еден!
– Како ниту еден?! Па ти ич не знаеш математика!
– Знам математика, ама подобро се знам себеси.

Немирен

Наставничката му се јавува на таткото на Трпе:
– Господине, син ви е много немирен.
– Знам, ако беше мирен ќе си го чував јас дома.

За една вечер

Во читалната на библиотека студент и приоѓа на една студентка:
– Извинете, дали имате нешто против ако седнам до вас?
Девојката наеднаш почнува да вика со силен глас:
– НЕ САКАМ ДА ЈА ПОМИНАМ НОЌТА СО ТЕБЕ!
Сите студенти во библиотеката го погледнале дечкото и тој навистина се засрамил.
После неколку минути девојката тивко се приближила до дечкото и му рекла:
– Јас студирам психологија и знам како размислуваат мажите. Претпоставувам дека твојата машка гордост беше повредена и сега се чувствуваш засрамен.
Дечкото на тоа и одговорил со висок тон:
– 1000 ЕВРА ЗА ЕДНА ВЕЧЕР? ДА НЕ СИ СЕ ПРЕЦЕНИЛА МАЛКУ?
Потоа се свртел кон неа и и рекол:
– Јас студирам право и знам како да натерам некој да плати за своите дела.

Родителска

На родителска средба:
– Господине Трпе, вашиот син многу лошо мириса, бањајте го почесто!
– А бе, јас го праќам да го учите, а не да го мирисате!

Енциклопедија

Рамче му вика на татко му:
– Тато, ај купи ми енциклопедија.
– Мрш таму бе, јас пешки одев на школо.

Обратно од смеење

Учителката ги прашува учениците што е обратно од смеење?
Малиот Трпе одговара: “Секс!”
– Е како бе секс, ај појасни?
– Епа смеењето е ха ха ха, а сексот е ах ах ах…

Пациент

Трпе му вика на Цветко:
– Абе и јас ќе се запишев на медицина, ама немаше смер: пациент.