Дома / Вицови / Образованиe (страна 20)

Образованиe

Прв школски ден

Малиот Трпе се враќа дома после првиот школски ден.
– Сине бе, што си се скиселил толку?
– Ми кажаа и утре да дојдам во школо.

Кој има најголем?

Се запишале Трпе, Мали Џокица и Џемо во прво одделение. После првиот час, земале да си ги мерат пенисите.
Знаете кој имал најголем?
Џемо, зашто имал 18 години!

Книги за самоубиство

Влегува дечко во библиотека и прашува:
– Се извинувам, дали имате книги за самоубиство?
– Да, онаму, третата полица од горе.
Оди дечково и бара, ама не наоѓа, па се враќа назад:
– Ама, таму нема ни една книга.
– Е, па тие книги кога ќе ги земат обично не ги враќаат.

Ништо не е невозможно

Учителот им вели на учениците:
– Деца, знаете дека ништо не е невозможно. Се може да се направи ако се сака.
Игорче: Добро учителе, ајде тогаш да ве видам истискајте ја целата паста за заби од тубата, па вратете ја назад.

Игорче и Кирче

Учителката: Зошто касниш Игорче?
Игорче: Изгубив пет денари.
Учителката: А зошто пак ти касниш Кирче?
Кирче: Јас стоев на нив.

Сине стани!!!

Мајката го буди синот.
– Станувај сине време е да одиш на школо.
– Остај ме на мира денес не одам во школо.
– Е како не одиш, имаш причина за тоа.
– Да ме мрзат учениците а богами и професорите.
После пола саат мајкава пак.
– Ај станувај мора да одиш.
– Е зошто морам?
– Зошто имаш 52 години и си директор на училиштето!

Глупи прашања

На испит на филозофски, професорот го прашува студентот:
– По што ќе познаете дали некој човек е глуп?
– По глупите прашања што ги поставува.

Мистерија, секс, религија, богатство

Професорката на факултет им рекла на студентите да напишат есеј.
– Во есејот треба да има мистерија, секс, религија и богатство.
Ете го Трпе по три минути.
– Готово, професорке!
– Е ајде да чуеме.
– Ох, господе, грофицата е тудна, кој ли го направи тоа?

Бремена жена…

Професор прашува студент по медицина:
– Колега, како ќе познаете дали некоја жена е бремена?
– Па, ќе има голем стомак и пеги по лицето.
– Аха. А јас имам ли голем стомак?
– Да.
– Имам пеги по лицето?
– Да.
– Е, па, кога ќе чуеш дека сум се породил, дојди да ти напишам шестка.

Во училиште

Во училиште учителката ги прашува прво-одделенците:
– Кој ќе ми каже реченица со зборот дефинитивно?
Прво се јавува Ана:
– Небото е дефинитивно сино.
– Извини Ана, но небото може да биде и сиво, портокалово!
Се јавува Аце:
– Дрвата се дефинитивно зелени.
– Жалам, но во есен, дрвата можат да бидат и кафени!
На крај се јавува малиот Трпе и ја прашува учителката:
– Учителке прдежот има грутки?
Оваа го погледнува запрепастено:
– Трпе бре! Се разбира не!
– Е па добро, тогаш, јас дефинитивно се посрав во гаќи!!!