Дома / Вицови / Образованиe (страна 2)

Образованиe

Обратно од смеење

Учителката ги прашува учениците што е обратно од смеење?
Малиот Трпе одговара: “Секс!”
– Е како бе секс, ај појасни?
– Епа смеењето е ха ха ха, а сексот е ах ах ах…

Пациент

Трпе му вика на Цветко:
– Абе и јас ќе се запишев на медицина, ама немаше смер: пациент.

Бубалица

Двајца студенти од Факултет за физичка култура се возат во градски автобус. Покрај автобусот на тротоарот гледаат како трча еден нивни колега од факултет. Едниот студент му вика на другиот:
– Види го бе, има научено.

Бруцоши

Разговор меѓу двајца бруцоши:
– На кој факултет се запиша?
– Ветеринарен, а ти?
– Јас медицински.
– Одлично, кога ќе завршиме ќе се лекуваме меѓусебно.

Сиромашно време

Наставникот:
Јас немам, ти немаш, тој, таа, тоа немаат… Трпе, кое време е ова?
Трпе:
– Сиромашно време.

Чесност

Наставникот ги прашува учениците:
– Кој од вас знае да ми посочи еден пример за долготрајност на чесноста ?
Трпе крева рака:
– Јас наставниче. Кога препишувам домашна, завршувам побрзо отколку кога ја пишувам домашната сам. Значи, чесноста трае подолго.

Домашна задача

Трпе ја прашува наставничката:
-Наставничке , ги прегледавте ли тестовите?
Наставничката му одговара;
– Па имам и друи ученици освен вас!
– Наставничке, јас не ја напишав домашната работа!
– Зошто Трпе ?
– Па имам и други наставници освен вас…

Испит

Студент на испит и професорот му вика ај едно лесно прашање за шестка
– Колку лисја има оревот надвор?
Студентот му вика:
– Сто шеесет илјади и дваесет и три.
Провесерот му вика:
– Еее не зае*вај нема врска.
Студентот му одговара:
– Ако не ми верувате избројте.

Родителска

Учителката го прашува малиот Трпе:
– Трпе, зошто на родителска не дојде некој од твоите родители, туку дојде дедо ти?
Трпе:
– Е па учителке, дедо ми послабо слуша.

Доцнење

Ученикот влегува 30 минути по почетокот на часот. Професорот го прашува:
– Зошто доцниш?
– За учење никогаш не е доцна професоре – одговара ученикот.