Дома / Вицови / Личности (страна 4)

Личности

Трпе и Трпана, Мујо и Хасо, Цветко, Чак Норис.

Пица

Трпе со малиот Трпе биле во пицерија:
– Татко, тато. Нели мачките имаат мачиња?
– Да.
– А, кучињата имаат кученца?
– Се разбира!
– И патки, имаат патки?”
– Даааа….
– Тато, а пици зошт немаат пицички?”
– Не знам Трпе, прашај го готвачот и остави ме на мира!
Малиот Трпе оди до готвачот и му повторува сè, а готвачот му одговара:
– Оди сега кај татко ти и кажи му дека пиците немаат пицички, зошто ги вадам на време…

Развод

Трпана му вика на Трпе:
– Види се колку си пропаднат, само пиеш ли пиеш! Не можам да продолжам да живеам со тебе, уште утре одам и поднесувам барање за развод!
– Добро де, оди поднеси и после кога ќе излезеш на улица луѓето ќе викат – ја гледате ли онаа, и Трпе пијаницата ја остави…

Комшивка

Трпе, знаеш ли дека комшивката од трети спрат е маж во женска облека?
– Знам.
– Е, зошо не ми кажа навреме?!

Состанок

На крајот од состанокот, директорот прашува:
– Има ли некој некое прашање?
Цветко станува и вика:
– Јас имам директоре, ебете ли вие нешто друго освен нас?

Алкохол

Трпе оди на пазар, застанува пред тезга и го прашува продавачот:
– Извинете, зошто краставициве мирисаат на алкохол?
Продавачот се поместува 2 чекори назад и му вика:
– А сега?

Клима

– Трпе, отвори го џамот во колата бе, не се дише во колата од жешково…
– Трпи Трпано, нека мислат сите дека и ние имаме клима!

Апче

Трпе оди во аптека.
– Дајте ми вијагра од 50мг за да ја израдувам жена ми вечер!!
– Жал ми е, но во моментов немаме од 50мг. Ќе ви дадам една од 100мг и ќе ја расцепите на две.
– Кој жената ли??
– Не господине, таблетата.

Глас

Трпе вознемирен влегува во болница и почнува да забори:
– Докторе, докторе! Жена ми го изгуби гласот, што да правам?!
– Слави човеку, слави!

Јавен тоалет

Трпе влегува во јавен тоалет:
– Колку ви е мала нужда?
– Ако ти е 10 сантима – 10 денари, ако ти е 20 – 20 денари…
– Еве ти 50 денари.
– Охооо….
– Што мори охоо, врати ми 45 денари!

Читање

Трпана му се дере на Трпе
– Што е ова, пак си се начукал, а?!
– Нееее… гледаш дека читам книга…
– Абе остави го тостерот и легни си…