Дома / Вицови / Личности (страна 30)

Личности

Трпе и Трпана, Мујо и Хасо, Цветко, Чак Норис.

Пластична операција

– Трпе, убава ли сум вака нашминкана?
– Трпане, тебе не ти требе шминка за да бидиш убава!
– Ооо, Трпе колку си мил!
– Тебе ти требе пластична операција!

Вештерки

Синот го прашува таткото:
– Тате, нели вештерките ги има само во приказните?
Таткото погледнува кон кујната:
– Едно време и јас така мислев…

Цигари

Влегува Цветко во продавница, си купува цигари, ги отвара и пали една.
Продавачот му вика:
– Извинете господине, тука не се пуши!
– Е како продавате цигари, а не се пуши?
– Епа, ние и тоалетна хартија продаваме…

Желба

Во радио емисија во живо:
– Здраво, јас сум Трпана и сакам на мојот шеф Цветко да му посакам за нова година дедо мраз да му донесе една торба со презервативи.
Водителката:
– Сигурно му посакувате многу секс во новата година?
– Не, сакам такви идиоти да не се размножуваат повеќе!

Елката гори

Малиот Трпе вика на мајка му:
– Мамоо елката горииии!
– Не се вика гори сине, се вика елката свети.
– Епа добро тогаш и завесите ти светат да знаеш.

Прекидач

Влегува Трпе пијан дома и со раката шара по зидот за да го најде прекидачот. Трпана од креветот:
– На лево, малку десно, сега горе, подолу, подолу…
Од другата соба се јавуе мајка и:
– Ќере, не го мачи човекот, фани го со рака.

Заб

Докторот му вика на Цветко:
– Ви го извадив забот што ве болеше. Не треба да јадете во наредните два часа.
– Докторе, со овие твои цени, нема да јадам наредните два месеци.

Службено патување

Трпе се враќа од службено патување и вечерта прави бурен секс со Трпана. Соседите почнуваат да тропаат по парното:
– Еее, пет дена не ли ви здосади бе?!?!

Сам дома

Трпана му се јавува на Трпе:
– Здраво, драги! Што правиш?
– Си пуштив филм.
– Пак ли некоја мрсотија?!
– Не… мелодрама… германска… за сиромашна девојка на кое во бањата и се расипува тушот и доаѓаат да и помогнат тројца водоводџии.

Морнарица

Трпе и Цветко одлучиле да се пријават во морнарица. Офицерот на регрутација ги прашува:
– Знаете ли да пливате?
Трпе му се врти на Цветко и му вика:
– Што ти реков, овие ни бродови немаат!