Дома / Вицови / Личности (страна 2)

Личности

Трпе и Трпана, Мујо и Хасо, Цветко, Чак Норис.

Натура

Трпана му ѕвони на Трпе:
– Мили, имаш сериозен проблем!
– Што е станало?
– Удрив со колата во една тојота. Му предложив да му платам во натура и тој се согласи!
– И каде е тој мој проблем!?
– Сопственикот е геј…

Тема

Трпана му се дере на Трпе:
– Сите мажи се говеда!
– Да, драга. Апсолутно сите.
– И ти исто така!
– Јас сум најголемото говедо на светот.
– Да и не ми е јасно зошто се омажив за тебе и живеам со тебе толку години?!
– А еве сега не сакајќи преминавме кон темата дека сите жени се глупави…

Еротски сон

Трпана го прашува Трпе:
– Миличок, во твоите еротски соништа јас горе сум или доле?
– Ти си кај мајка ти!

Љубов на прв поглед

Абе Трпе ти веруваш во љубов на прв поглед?
– Да бе верувам.
Е како така?
– Епа, да ја видев Трпана вторпат никогаш немаше да ја земам.

Љубител на фудбал

Седи Трпе во кафанчето и гледа лига на шампиони на телевизија.
Паѓа гол и еден од присутните скока радосен, ги бакнува сите присутни по ред.
По 2-3 гола, Трпе добил 2-3 бакнежи од човекот, па го прашува:
– Добро бе дечко, ти многу си внесен во фудбалот а?
– Не бе, не ме ни интересира, јас сум геј…

Прошка

Си отишла Трпана од Трпе, но утре дента се враќа и бара прошка.
Трпе: За тоа шо си отиди ќе ти простам, ама за тоа шо се врати… Никогаш!

Другарки

– Трпееее, ќе излезам со другарките…
– Многу убаво Трпано! Ти можеш да излегуваш со курви, јас не…

Логика

Се враќа Трпе накај дома и пред влезо гледа еден човек иде по скалите, се смее од среќа. Трпе си вика:
– Човек или добил на лото или е бил кај некоја жена. Пошто денес е недела – нема лото, логички е да бил кај некоја жена. У нашиов влаз има само две лесни жени. Мојата и Цветанка. Пошто Цветанка е во болница, логично е дека бил кај мојта. А она има двајца швалери. Цветко и Трајче. Логично е дека Трајче е денеска по риби, зошто е рибар. Овој мора да е Цветко.
-Здраво Цветко.
-Здраво… Чекај бе од кај ми го знаеш името?
-Логика бе брат!

Нервоза

Си седи маж во кафана. Влегува еден со трчање и вика:
– Трпе, брзо трчај дома! Ти ја онадат жена ти.
Мажот брзо скокнува, трча надвор и во тој момент го удира една кола.
Освестувајќи се во болницата си мисли:
– Многу нервозен сум станал во последно време. Ниту сум Трпе, ниту сум женет!

Пијана ноќ

Става Трпе сабајле, мамурен после тешко пијанство и ја гледа Трпана како му го чисти исповратеното палто.
За да се оправда и вика:
– Замисли Трпано, синоќа си седам у кафана и поминуе еден пијан покрај мене и ме исповрати, кага му врзав еден шамар!
– Малку му било шамар Трпе, малку!
– Зошто?
– Оти ти се испосрал и у гаќите.