Дома / Вицови / Личности (страна 18)

Личности

Трпе и Трпана, Мујо и Хасо, Цветко, Чак Норис.

Состанок

Трпана ја прашува ЦветаЧ – Како помина на состанокот? Раскажувај! – Ужас, маж ли е тоа. – Што сторил? – Кога дојде сметката побара да ја платиме по пола! – Го разбирам, те видел колку пиеш!

Повеќе...

Стик

Рамче му раскажува на Трпе: – Сабајлево си купив стик Нивеа! – И? – На упатството пишуваше да го отворам и да го стиснам од позади… – Добро… – И сеа многу ме боли кога пешачам, ама па кога ќе прднам многу убаво мириса!

Повеќе...

Цигари

Цветко го прашува Трпе: – Како ти успеа да ги оставиш цигарите? – Решив да пушам само после секс. – И? – Еве помина една година откако ги оставив!

Повеќе...

Болка

Трпе оди на доктор, докторот го прашува: – Ајде Трпе, кажи каде најмногу осеќаш болки? – Пред банкомат докторе!

Повеќе...

Чувство

Зборуваат Трпе и Цветко: – Го знаеш она чувство кога ти идат лиги од мирисот на ќебапчилница? – Да! – Епа се прашувам дали вегетаријанците го имаат истото чувство кога гледат како некој коси трева?

Повеќе...

Роднини

Се возат Трпе и Трпана во кола и на една ливада гледаат овца и овен, па Трпе и вика на Трпана: – Трпано, да не ти се роднини оние? – Да, свекор и свекрва!

Повеќе...

Деца

Цветко го прашува Трпе: – Трпе колку деца имаш? – Два сина и третиот е на пат. – Од кај си сигурен дека и третиот е син? – Па како да не бидам, кога вчера тргна на пат до Германија…

Повеќе...

Крадење

Клечи Трпе во полско WC без врата. Поминува покрај него комшиката Цвета, го гледа и му вели: – А бре Tрпe, една врата да ставеше. – Е зошто мори Цвето, шо има да украдат?

Повеќе...