Дома / Вицови / Личности (страна 117)

Личности

Трпе и Трпана, Мујо и Хасо, Цветко, Чак Норис.

Кабриолет

Трпе и Трпана ги заборавиле клучевите во кола и се обидуваат да ја отворат вратата.
Трпе се нервира:
– Не можам да ја отворам, по ѓаволите.
– Прави што ќе правиш само побрзај, изгледа ќе врне, а покривот е спуштен.

Спротивен правец

Трпе се вози по автопат, кога заѕвонува неговиот мобилниот телефон. Се јавува Трпана и целата вознемирена му вели:
– Штотуку слушнав на вести дека некоја кола вози во спротивен правец на автопатот Е75. Те молам внимавај!
– Една кола??? По ѓаволите, ги има стотици!

Чуда

Се враќа Трпе дома од службен пат и ја затекнува Трпана со маж во креветот:
– Трпано мори, што прави човеков во мојот кревет?!
– Чуда, мажу. Чуда прави!

Швајцување

Трпе ги однел двете свинчиња на ветеринар.
– Еднава свиња ти е супер, а другава, да бидам искрен, потечени и се очите.
– Е како нема да и се отечени, вчера два саата ме гледаше како швајсувам!

Види ја фацата

Трпе и Трпана биле разведени.
Трпе: Ќерко! Денес ти е 18 роденден. Еве ти ја последната алиментација, однеси и ја на мајка ти, и види каква фаца ќе направи, па дојди кажи ми.
Ќерката: Мамо, еве ти ги последните пари од алиментација, и треба да видам каква фаца ќе направиш, па да му кажам на тато.
Трпана: Епа, кажи му дека он уствари и не ти е прав татко, види му ја фацата, па дојди кажи ми!

Анонимно писмо

Трпе и вели на сосетката:
– Митро мори, вчера добив анонимно писмо, некој напишал дека јас сум бил магаре, жена ми – овца, а син ми – свиња.
– Баш ми е жал Трпе, сигурно е некој што многу добро ве познава!

Преврска

Докторот излегува од канцеларија.
– Ајде кој е Трпе нека влезе на преврска!!
– Еее, Трпе си отиде, му зарасна раната.

Печење

Во ординација чекаат многу луѓе меѓу кои и Трпе. Излегол докторот и им рекол дека за денес е доста и да дојдат утре. А Трпе:
– Докторе а јас што ќе правам со печењето!
– Добро ај ти влези, другите одете си.
– А бе докторе што да ти кажам, многу ме пече кога мочам!

Клацкалица

Што прават Мујо и Хасо на клацкалица?
Го заебаваат снајперистот.

Молзење

Мујо молзел крава. Само што ја наполнил кантата, кравата се ритнала и го истурпла млекото. Мујо и ја врзал ногата и пак седнал да ја молзе. Таман ја наполнил кантата, кравата се ритнала со другата нога пак ја превртела кантата. Мујо, сега лут, и ја врзал и другата нога и пак почнал да ја молзе. Само што седнал, кравата почнала да го удира со опашката по лицето. Мујо и ја врзал опашката за гредата над неа. Додека го врзувал јазелот, му пукнал ременот и панталоните му паднале. Во тој момент наишол Хасо и повикал:
– Ау, Мујоо!!! Ама, што правиш бе !
– Ја молзам кравата! Што да ти кажам друго, нема да ми веруваш!