Дома / Вицови / Личности (страна 112)

Личности

Трпе и Трпана, Мујо и Хасо, Цветко, Чак Норис.

Презиме

Разговараат Трпе и Цветко
– Знаеш дека јас пред свадбата немав спиено со жена ми! А ти?
– Не знам, а кое и беше моминското презиме?

Додворување

Трпана му вели на Трпе:
– Дали се убави моите очи?
– Да!
– Дали ти се допаѓа мојата коса?
– Да!
– Личат ли моите заби на бисери?
– Да!
– А, дали имам убави нозе?
– Да!
– Ох, мили! Како умееш да се додворуваш!

Мујо и Цеца

Се шета Мујо по улица и ја сретнува Цеца.
Целиот редосен и вели:
"Цецо, жити мајка, сега ќе пројдам со девојка ми, па ако не ти е тешко те молам да ме поздравиш колку да испаднам фраерска фаца".
– "Нема проблем" – му рекла Цеца.
По некоја минута доаѓа Мујо со девојката, кога Цеца го поздравува:
– "Кај си бе Мујо, што правиш"?
– "Цецо, ај иди у курац веќе! Ти реков, имам девојка"!

Заб

Влегуваат Трпе и Трпана на забар и Трпана му вика на забарот:
– Сакам да извадите заб. Не сакам инјекција со анестезија, бидејќи брзаме. Само извадете го набрзина со клештите.
– Вие сте храбра жена – рекол забарот – кој заб сакате да ви го извадам?
Се врти Трпана накај Трпе и го прашува:
– Кажи драги, кој заб сакаш да ти го извадат?

Печурки

Трпана и најавува на своја пријателка дека ќе се мажи по четврт пат.
– Тоа е прекрасно, но, извини што прашувам, што стана со твоите претходни мажи.
– Првиот изеде отровни печурки и умре!
– Леле, колку трагично. А вториот?
– И вториот изеде отровни печурки и умре.
– Страшно! Страв ми е да прашам што се случи со третиот.
– Тој си го скрши вратот.
– Си го скрши вратот?
– Па, не сакаше да јаде печурки.

Луда помисла

На некоја забава Трпе малку поднапиен, бил во центарот на вниманието цела вечер. Кога ја напуштиле забавата, Трпана го прашала:
– Мажу, дали ти рекол некој некогаш дека си прекрасен, толку романтичен и згоден?
– Не, не верувам дека некој ми рекол. – Одговорил Трпе.
– Па од каде ти лудата помисла дека си?

Кабриолет

Трпе и Трпана ги заборавиле клучевите во кола и се обидуваат да ја отворат вратата.
Трпе се нервира:
– Не можам да ја отворам, по ѓаволите.
– Прави што ќе правиш само побрзај, изгледа ќе врне, а покривот е спуштен.

Спротивен правец

Трпе се вози по автопат, кога заѕвонува неговиот мобилниот телефон. Се јавува Трпана и целата вознемирена му вели:
– Штотуку слушнав на вести дека некоја кола вози во спротивен правец на автопатот Е75. Те молам внимавај!
– Една кола??? По ѓаволите, ги има стотици!

Чуда

Се враќа Трпе дома од службен пат и ја затекнува Трпана со маж во креветот:
– Трпано мори, што прави човеков во мојот кревет?!
– Чуда, мажу. Чуда прави!

Швајцување

Трпе ги однел двете свинчиња на ветеринар.
– Еднава свиња ти е супер, а другава, да бидам искрен, потечени и се очите.
– Е како нема да и се отечени, вчера два саата ме гледаше како швајсувам!