Дома / Вицови / Личности (страна 10)

Личности

Трпе и Трпана, Мујо и Хасо, Цветко, Чак Норис.

Фамилијарна

Цветко го прашува Трпе:
– Зошто раскинавте со Трпана?
– Брат ја осетив нешто ми врти муабет деца семејство ова она…
– Што ти рече?
– Ај да нарачаме фамилијарна пица!

Чувство

Зборуваат Трпе и Цветко:
– Го знаеш она чувство кога ти идат лиги од мирисот на ќебапчилница?
– Да!
– Епа се прашувам дали вегетаријанците го имаат истото чувство кога гледат како некој коси трева?

Гризање

Се враќа Трпе од службен пат дома и ја гледа Трпана, па ја прашува:
– Што ти е тоа на вратот?!
– А, ова на вратот? Се гризнав…

Роднини

Се возат Трпе и Трпана во кола и на една ливада гледаат овца и овен, па Трпе и вика на Трпана:
– Трпано, да не ти се роднини оние?
– Да, свекор и свекрва!

Надимак

Цветко го прашува Трпе:
– Комши зoшто кучето ти се вика Белчо, а е црно како ноќ?
– А жена ти, зашто вика Убавка, а комши?!

Деца

Цветко го прашува Трпе:
– Трпе колку деца имаш?
– Два сина и третиот е на пат.
– Од кај си сигурен дека и третиот е син?
– Па како да не бидам, кога вчера тргна на пат до Германија…

Помисла

Трпана и врти на Цвета по телефон:
– Цвето, да не е маж ми кај тебе?!
– Не, зошто?
– Слушнав почнал да оди по курви, па си помислив да не е кај тебе.

Крадење

Клечи Трпе во полско WC без врата. Поминува покрај него комшиката Цвета, го гледа и му вели:
– А бре Tрпe, една врата да ставеше.
– Е зошто мори Цвето, шо има да украдат?

Изневерување

Цветко загрижен му кажува на Трпе:
– Пријателе, не знам како да ти кажам, но морам… Трпана те изневерува.
– Нема шанси! Мојата жена не е таква.
– Од кај знаеш?!
– Па таа мене не ми дава, што сме маж и жена, а камоли на некој друг!