Лов

Цветко заедно со своето друштво отишол на лов. Резервирале двокреветни соби, но никој не сакал да дели соба со Трпе, бидејќи многу хрчел. Заедно одлучиле дека не е фер само еден да мора да го трпи, туку секоја вечер да се менуваат.
По првата ноќ со Трпе, еден од нив се разбудил сиот бушав и со големи темни подочњаци.
Другите, пак, нервозно го прашале:
– Човек, што ти се случило?
– Трпе толку многу хрчеше, што јас цела ноќ не заспав, седев во кревет и гледав.
Следната ноќ, дошол друг на ред. Кога станал во утринските часови изгледал ужасно блед, подуен и одвај стоел на нозе.
Другите го прашале: Како помина, бидејќи изгледаш ужасно?
– Тоа беше неподносливо. Трпе рчи како пила. Цела ноќ јас само гледав.
Слично поминале и останатите. На ред дошол Цветко.
Во утринските часови се појавил свеж, одморен и со одлично расположение.
Цветко:
– Добро утро, другари!
Тие не можеле да си поверуваат на очите:
– Како е тоа возможно?
Цветко:
– Па кога се спремавме да си легнеме во кревет, се доближив до Трпе, го прегрнав, го допрев неговиот задник со блага насмевка и бакнеж за добра ноќ. Останатиот дел од вечерта Трпе остана буден, седеше и ме гледаше.

Обиди се со

Вештерка

Трпана го прашува Трпе: – Како да се маскирам за 1 Април? – Ништо не …