Дома / Вицови / Виц на денот / Технологија

Технологија

На саем за компјутери Бил Гејтс повеќе пати ја споредувал компјутерската индустрија со автомобилската. Патем изјавил:
“Ако Џенерал Моторс беше во чекор со технологијата како што е случајот со компјутерската индустрија, ќе возевме автомобили кои што ќе чинеа 25 долари и со литар бензин ќе поминувавме 1000 километри”.

На ова Џенерал Моторс се огласи со соопштение до печатот:
Ако Џ.М. ја развиваше технологијата како Мајкрософт, сите ние ќе возевме автомобили со следниве карактеристики:

1. Од некакви непознати причини автомобилот ќе откажуваше 2 пати дневно

2. Секогаш кога ќе ги фарбаа зебрите на пешачки ќе мораше да се купува нов автомобил

3. Често автомобилот ќе ви зариба на автопат без никакви причини. Ќе морате да застанете крај патот, да ги затворите сите прозорци (Windows), да го стартувате одново вашиот автомобил (restart) и да ги отворите прозорците пред да можете да продолжите.Поради непознати причини ќе морате да го прифатите горенаведеното.

4. Повремено, поради опасен маневар како што е свртување во лево, автомобилот ќе застане (Shut down) и ќе одбива да стартува. Во овој случај ќе мора да го смените моторот(Reinstall Windows)

5. Мекинтош ќе направеше автомобил кој што се напојува од сонцето и ќе беше постабилен, пет пати побрз и два пати полесен за возење, ама ќе можевте да го возите само на 5% од патиштата.

6. Индикаторите за масло, температура на вода и алтернаторот ќе бидат заменети со само една сијаличка – “This car has performed an illegal operation”.

7. Воздушните перничиња ќе ве прашаа “Are you sure?” пред да се надуваат.

8. Повремено поради некаква причина, автомобилот ќе се заклучи и нема да ви дозволи да влезете додека не ја подигнете рачката, во исто време го завртите клучот во бравата,а ја држите и антената од радиото.

9. Секој пат кога ќе се претставува нов модел на автомобил, купувачите ќе мора повторно да учат да возат бидејќи контролите на автомобилот веќе не се исти како кај постарите модели.

10. За крај, никогаш нема да дознаете зошто треба да го притиснете копчето “СТАРТ” за да го изгасите моторот.

Обиди се со

Остров

Се сончаат Трпе и Трпана на плажа и Трпе опасно се напалува. Ѝ бара на …