Дома / Вицови / Информатички (страна 7)

Информатички

Молитва

Како се молат хакерите.
– Во името на светиот ctrl, alt, shift и delete.
– Ентер!

Програмер

Жената го чека својот маж програмер кој се враќа од работа…
– Здраво душо, се логирам.
-Што мислиш за нова перална мажу?
-Internal error, Out of resources.
-Дај ми ја кредитната картица, сакам да одам во шопинг.
-Sharing violation, access denied…
-Ме сакаш ли како компјутерот или ти служам само за забава?
-Too many parameters…
-Погрешив што се омажив за тебе!
-Data type mismatch…
-Ти си тотално луд!!
-…by default.
-Што е со твојата плата?
-File in use. Try Again later.
-Што се случило сабајлево со колата?
-System is unstable. Press CTRL+ ALT +DEL to reboot.
-Сакаш ли уште малку вино?
-File system is full.
-Што мислиш за мојата фамилија?
-Unknown virus.

Стандардни драјвери

Некој програмер седи во кафич и се удвара на некоја девојка…
– Сакаш да те частам кафе ?
-Не фала !
– Сакаш да те частам сок?
-Не фала !
-Сакаш да те частам вотка ?
-Не фала
После ова програмерот си вика во себе:
„Хмм, чудно, стандардните драјвери не ги прифаќа !!

Компјутерски клетви

Да ти се поебе 9-та игличка од процесорот.
Да ти се стопи матичната, како чоколадо во микробранова да ти стане.
Да ти се заглави буквата „С“ од тастатурата.
Да ти откаже Num Lock диодата.
Дај боже сите кулери топло да ти дуваат.
Да ти се поебат 457-миот и 894-тиот пиксел на мониторот.
Дај боже End Task копчето од Task Manager, disabled да ти биде.
Да ти се поебе ласерот од CD-ROM-от, па CD-иња на игла да вртиш
Кога нема да ти се дига да немаш опција SafeMode
Да даде Господ да фаќаш WiFi мрежа со 100% јачина на сигнал и пак да не ти отвора страници…
Да ти пишува Press any key, кога тастатурата ќе ти е расипе!
Да ти пишува Click here, кога маусот ќе ти се расипе!