Си биле 2 дигитрони виделе компјутер и му рекле:
– Леле ама си развиен!!
Виц
Сакаш да слушнеш два кракти вица и еден долг виц?
– Да.
– Виц, виц и вииииииииииииииииц.
Зелено
Што е тоа зелено и има тркала?
– Трева, лажев за тркалата.
Мравки
Како ќе познаеш дека во фрижидерот има мравки?
Ќе видиш паркирани мотори пред него.
Пред град
Зошто волкот става гел на главата пред излегување?
– Да биде лепши од ночи!
Дечко и девојка
Си биле дечко и девојка, он неа ја мува она него комарец.
Фудбалер
Кој фудбалер го нема, а пак можеш да го видиш?
-Немања Видич!
Змија
Си била змијата и си возела точак и ја сретнал зајакот и и рекол:
– Змијо како возиш точак кога немаш ни раце ни нозе?
И змијава:
– Еј да бе! – и паднала.
Глувонем
Што прави глувонем во дискотека?
– Слуша музика
Слон
Едно дете му вика на таткому детето:
– Тато, тато, купи ми слон!!!
– Абре сине немаме со што да го храниме!
– еј, па како во зоолошка вика: НЕ ГИ ХРАНЕТЕ ЖИВОТНИТЕ.