Дома / Вицови / Глупи (страна 2)

Глупи

Ќелав

Како се вика лав без коса?
– Ќелав.

Сенка

Што прави слон на сонце?
– Сенка.

Витамин

Кој витамин го има најмногу кај овците?
– Беее!

Гумички

Си биле две гумички за бришење:
– Едната мачка, а другата кучка.

Слон

Зошто слонот e голем, сив и згужван?
– Па да беше мал, бел и рамен ќе се викаше аспирин.

Патики

Едното другарче му се фали на другото:
– Види, си купив нови патики!
– Да? Колку ги зема?
– 100 евра, оргинал.
– А зошто пишува like наместо nike?
– Па од facebook ги купив.

Меридијан

Се возат двајца меридијани во космосот на точак, едниот меридијан на другиот му вели:
– Абе толку години сме заедно и ќе ти кажам тајна, абе напоредник сум!

Опасно и неопасно

-Што е тоа мало зелено стои на гранка и е опасно??
– Гавран во зелен мантил со митролез пушка!

Што е тоа мало зелено стои на гранка и не е опасно?
– Истиот гавран во истиот зелен мантил на истата гранка со истиот митролез но без муниција!

Пубертет

Се шетале две гуми од формула 1 и по пат виделе крампонка и и рекле:
– Што бе пак пубертет?