Дома / Вицови / Црн хумор

Црн хумор

Анорексични

Во оддел за анорексични, лекарот ги поздравува пациентите:
– Здраво, орли!
– Докторе, ама ние не сме орли?
– Ааа! А, кој леташе вчера низ соба кога ги пуштивме вентилаторите?!

Сообраќајка

Се забиле Трпе и Цветко со автомобил во дрво. Трпе летнал низ шофершајбна и слетал во поле. Кога дошла прва помош на местото докторот почнал да му збори на Трпе:
– Гледај, да беше врзан немаше да излеташ преку шофершајбната. Види го Цветко како седи, изгледа како да е жив!

Приоритети

Богат Кумановец оди на пат и му вели на својот слуга дека може да му се јави само ако е многу, многу важно.
Само што стигнал на одреденото место му зазвонува мобилниот.
-Ало, газда ми пукна рачката од лопататa.
-Ало, па ти нормален си?! Стап? За тоа ми се јавуваш,
-Ама газда многу е пукнат.
-Па што си правел?
-Па го закопав вашето куче.
-Молам, па што му се случило на кучето?
-Па падна греда врз него…
-Каква греда?
-Кога шталата ви гореше.
-ШТАЛАТА!!!!Како мислиш шталата?!
-Па кога куќата ви се запали!
-Чекај малку,КУЌАТА!Како се запалила куќата?!
-Па од свеќата.
-Од каква свеќа?
-Oд свеќата што ја запаливме кога татко ви умре.
-Ја не можам да верувам, ќе добијам инфаркт…
-Па и тој доби инфаркт!
Со плачлив глас газдата: –А како добил инфаркт?
-Па, кога не најде мене и вашата жена заедно во кревет!

Аптеки

Цветко му кажува на Трпе:
– Трпе, знаеш ли дека во Етиопија нема аптеки!
– Зошто?
– Затоа што не се пие апче на гладен стомак.

Шеќер

– Еј келнер, имаш шеќер?
– Да.
– Лошооо, баба ми умре од тоа.

Баџанаци

Двајца пријатели прават муабет:
– Знаеш ти дека јас и господ сме баџанаци!
– Е, од кај сега ти и Господ баџанаци.
– Епа го знаеш Рамче.
– Го знам.
– Рамче имаше две ќерки, едната ја земав јас другата Господ.

Човекојадци

Двајца човекојадци разговараат:
– Што јадеш ти кога постиш?
– Морска храна.
– Е каква е таа морска храна?
– Нуркачи. А ти?
– Јас сум вегетаријанец.
– И што јадеш?
– Градинари.

Пензија

Доаѓаат гости кај Влав и гледат цел облечен во црно.
– Зошто бе ти така у црно?
– Абе вчера татко ми умре…
– Како бе кога сабајле го видовме стоеше на портата?
– А не, ние така го потпревме за да прими пензија.