Дома / Вицови / Чак Норис (страна 29)

Чак Норис

Супермен

Еднаш едно дете си седело на улица и плачело. Дошол Супермен и го прашал зошто плаче и детето му одговорил дека го удрил некој човек. Супермен почнал да ги засукува ракавите за да го претепа тој човек, но предходно го прашал кој  е тој човек. Детето одговорило :
– Тоа беше Чак Норис. 
Супермен си ги вратил ракавите назад и рекол :
– Па зошто си го провоцирал?!

Вселена

Ние живееме во вселена којашто се шири. Целата се обидува да избега од Чак Норис.

Календар

Во календарот на Чак Норис, после 31 – ви март доаѓа 2 -ри април. Никој не се заебава со Чак Норис.

Кањон

Еднаш Чак Норис скокнал со падобран, но ветил дека никогаш повеќе нема да го направи тоа! Еден “Голем Кањон” е доволен!

Баба рога

Кога Баба Рога оди да спие прво проверува да не се крие Чак Норис во нејзиниот плакар.

Жирафи

Како настанале жирафите?
– Чак Норис му удрил аперкат на коњот.