Дома / Виц на годината

Виц на годината

Гласај за Виц на годината за 2016 година

Сервис

Доцна навечер ѕвони мобилниот на Трпе:
– Ало, дали е тоа сопственикот на Ауди сервисот?
– Да, повелете!
– Се јавувам во врска со BMW-то во вашиот салон…
– Господине, ние немаме BMW…
– Епа сега имате, ми откажаа кочниците!

Невина

Плавуша се секса со некој тип.
– Тоа, тоа, појако, појако!!!
А на тоа типот и одговора:
– Чекај бе, па нели ми кажа дека си невина?
– А, да, да! Боли, боли…

Леб

Влегува Трпе дома.
– Здраво Трпана!
– Само тоа имаш да кажеш?! Излезе леб да купиш пред три дена, никаде те нема!
– Уф, срање… лебот. Се враќам одма.

Ангели

Малиот Трпе и вика на Трпана:
– Мамо, летаат ли ангелите?
– Да, душо!
– Тато вчера и рече на чистачката дека е ангел, а јас никогаш не сум ја видел да лета.
– Утре ќе ја видиш.

Службена кола

Трпе работел во мртовечница и една вечер и звони на мобилен на Трпана: – Маче, каде си?
Трпана: – Еве дома.
Трпе: – Ај ќе дојдам да те соберам да шетаме негде.
Трпана: – Па нели колата ти е на мајстор?
Трпе: – Па ќе одиме со оваа од работа што ми е…
Трпана: – Аууууууууууу не се возам јас во таа кола…
Трпе: – Мори глупачо, луѓе умираат да се возат во таа кола, ти нејќеш….

Риби

Цветко се обраќа на келнерот:
– Keлнер, уште колку да чекам за рибата?
– Еве се готви, ќе биде за брзо…
– ОК, некои риби и по 5-6 месеци сум ги чекал…

Прекршок

Полицаец запира плавуша за прекршок.
Полицаецот:
– И сега што правиме?
Плавушата:
– 500 денари или да ги соблекувам гаќите?
– Дај 500 денари, зошто гаќите може и да не ми се фатат.