Дома / Пишанки / Скопска ситуација депресинг #5

Скопска ситуација депресинг #5

За сите оние кои се загрижени кој сум, од каде сум, зошто сум и каков сум – одговорот не е битен. Јас сум, затоа што сум. Не сум Евреј по религија, ниту пак сум христијанин, муслиман, будист или што и да е друго. Не верувам ни во атеизмот и одбивам да верувам во скоро се што ќе ми предложи овој ум. Од друга страна верувам во себе, во човековата добрина и во тоа дека како безвредна планета ќе се уништиме самите уште пред сонцето да успее да не проголта. Нихилистички? Можеби, но секоја религија е нихилистичка па според ова сум исто зло како и сите вас верници и не верници. Сепак на почетокот беше зборот, а зборот почна вака…

Додека сите бркаат политики, протестираат, се тепаат, крадат и имаат милиони поважни работи на ум, ние полека умираме. Мене Скопје ми има посебен шарм баш поради таа магла, поради тој смог кој го опива градот секоја зима и кој како антракс полека, а сигурно не убива. Кој е крив? Можеби никој, можеби сите ние, но со сигурност ќе посочам со прст на дебилите кои ги исекоа сите дрвја од централното подрачје и кои ја завземаа секоја зелена површина за градење на згради. Посочувам и тоа безобразно со прст! Во град во кој нивото на загаденост ги прави дечињата од Хонг Конг да се радуваат што живеат таму, не е најдобра опција да исечеш илјада дрва и да засадиш сто нови. Можеби мислеа дека имаме доволно дрва анализирајќи ги шегите на сметка на фудбалската репрезентација, а можеби и во школо не ги учеле дека од статуи и асфалт не се дише кислород. Да не се сфатиме погрешно ниту сум црвен, ниту плав, строго сум алергичен на политика, но сепак сметам дека на “дрва” не им е место во политиката. Сега некој што чита мурти мустак и се дере во себе – а денот на дрвото копиле едно! Да имаме и таков ден и можеби еден ден тие дрва ќе станат полнолетни и ќе дојдат да учат факултет во Скопје и така како повозрасни посериозно ќе си ја сфатат работата да создаваат кислород и да го апсорбираат моноксидот, а не да се заебаваат на екскурзија по планините. Ако на планините им треба дрва, тогаш во Скопје се потребни минимум уште десет илјади зимзелени и пет илјади листопадни чисто за разновидност и соодветна полова, етничка и расна застапеност.

Дури и парковите што се изградија имаат езера, фонтани, плочки, камења, цвеќе и клупи. А дрва бе? Дрва ни за пари, зошто очигледно научивме дека многу се скапи дрвата, поефтино е да купиш нови џипови и коли отколку да посадиш дрва некаде онака зошто можеш. Можеби е џабе се, зошто никој не може никому да смени мислење, но јас да си се пожалам вака нај-скопски како секој втор кој го трпи ова срање, како сите нас зошто не може подобро, зошто платата не ограничува во размислувањето. Сепак бидете другари, не ги кршете дрвцата, дајте им шанса да пораснат, сеуште се тинејџери не ги разбирате во тие години се. Кога можете засадете некое дрвце или две, чувајте го утре ден може да ви го спаси животот. Чувајте се, не дишете од смогов пере мозок, труе бели дробови и ми прави гужва на пулмологија. Што би рекол Ристо Вртев:

“Сите, сите, сите дрвја
И сите сите камења
сета, сета природа ПУФ!”

Искрено зелен и панично загрижен вашиот Холовиц.

Обиди се со

Многу причини зошто не треба да носите кацига

Дали некогаш вистински сте се запрашале која е поентата да носиш кацига додека возиш мотор …