Дома / Пишанки / Скопска ситуација депресинг #20

Скопска ситуација депресинг #20

СлаткишиКога мислевме дека немаме ништо полошо од сегашната ситуација, се појави и “таа”. “Таа” не е женско иако е женски род. “Таа” е во форма на бинарни броеви кои се отсликуваат на нашите екрани во пиксели и баш во оној стар нинтендо стил, денес хипстерски познат како инди. Да, тоа е “таа”, таа проклета птица која не обзема сите… ги обзема автобусите, кафичите, кафаните и дефинитивно ги обзема социјалните мрежи. На прв поглед изгледа како вонбрачно дете од некоја оргија помеѓу супер марио, соник и скоро секој нинтендо звук кој постои, меѓутоа доколку внимателно подлабоко и пенетрирате ќе разберете дека оваа глупава и бесполезна игра крие еден сизифов синдром. Колку и да сте добри, никогаш нема да победите! Се’ што ви преостанува е да земете чекан и да му пресудите на телефонот. Но од друга страна птицата која морфира и личи на рибите од супер марио само со лоши силикони во усните, не нуди никаква сатисфакција, никаква награда, туку само поука дека животот води кон едно – сигурна смрт.

Водени од тој сизифов синдром тапкаме по своите екрани со цел некако да си објасниме себе си дека можеби и можеме да ја победиме смртта, иако знаеме дека не постои нешто слично, нешто како што во животот се обидуваме да си најдеме објаснување за своето постоење иако не постои објаснување или пак такво објаснување нема. Нема крај, се мисли на играта, а со тоа и нема крај на забавата и фрустрацијата. Во секој случај времето во автобус, при чекање и на оние досадни предавања поминува многу побрзо додека тапкате по екранот, а забавниот дел може да дојде од следењето на фрустрациите на останатите, мхм сите сме биле таму, секој од нас ќе се препознае и ќе си се насмее не на оној кој моментално губи нерви и го лупа телефонот од земја. Не му се смееме на него туку на себе, зошто пред некоја минута Ние сме биле токму тој разбеснет Хулк лут на својот телефон без причина.

Мојот неизбежен заклучок е дека сите си најдовме нешто во што сме подеднакво лоши, па можеме да се тешиме еден со друг. Можеби токму тука лежи тајната на оваа игра. Затоа тапкајте по екраните, фрлајте телефони и кога за момент сте подобри од кој и да било од вашите пријатели залепете го тоа гордо на ѕидот. Нели нема ништо подобро од тоа да бидеш лош во нешто, а сепак подобра од останатите… а можеби и има, но тоа не се лепи лесно на ѕид.

Нервозно тапкајќи вашиот Холовиц.

П.С. Во се може да се најде смисла, па дури и во работите кои немаат, затоа и константно талкаме по објаснувања.

Обиди се со

Многу причини зошто не треба да носите кацига

Дали некогаш вистински сте се запрашале која е поентата да носиш кацига додека возиш мотор …