Дома / Пишанки / Скопска ситуација депресинг #14

Скопска ситуација депресинг #14

СлаткишиОд ден на ден мојот град е се повеќе туѓ, некој друг град кој не памети добри времиња и не памети повеќе ништо затоа што е нов, со стар лик. Викаат на пролет “пркнувале” културите, ама кај нас никако да пркне култура, тука се сади само кич и очај. Ситуацијава полека од депресивна еволуира во манична, да ти е страв да заспиеш да не ти никне некој споменик во анусот. Полека се навикнавме, полека ги прифаќаме сакале или не. Им простивме за спомениците, им простивме за барокот, им простивме за мостовите, врбите, фонтаните, плажите, ама ова по се изгледа нема да има крај. Луна парк во срцето на мојот град! Од пирати од карибите кои “пловат” по Вардар до ринги-шпил кој не врти во едно место исто како и тие!

Долго време говорев дека ни едните ни другите не се цвеќиња за мирисање, иако едниве пред извесно време садеа рози, сеуште стојам на истото. Градов повеќе пати зошто немаме здрава алтернатива, ниту пак политичка оригиналност, туку само малограѓански интереси подгорени од желбата за пари. Кој прв почна маме му ебам… ама никој не ја завршува. Едниве на власт не сакаат да го предадат овој град на други, па жолчно го труеја градот со напатени души од Пустец – “Не ојте Скопје пустец ставаат во центарот!”. Никој не се откажува од срцето на градот, сите го грабаат за себе, а кутрите не знаат дека тој е само на народот, на сиот народ кој овде со поколенија ја кова својата судбина, за тие сега од две страни да се борат за превласт. Па добро бе и јас сум дете на транзицијата и јас израснав без рингишпил како и многу други во градов, па можеби поради тоа не ми е испран мозокот, можеби затоа не сум полтрон кој како дрвените коњи се вртат околу лидерот. На здравје нека ни е, утре пред да се разбудите сонувајте за оној град кој го изгубивме, само пазете да не се разбудите со г’зот откриен.

Само Холовиц.

Обиди се со

Многу причини зошто не треба да носите кацига

Дали некогаш вистински сте се запрашале која е поентата да носиш кацига додека возиш мотор …