Дома / Пишанки / Скопска ситуација депресинг #10

Скопска ситуација депресинг #10

СлаткишиСите кои возеле низ градов нека кренат рака! Ама не онаа со која го држите маусот… сите останати кои мислат дека некогаш возеле низ градот, а не оделе на работа или факултет или други обврски низ клучните ни градски термини нека си ги спуштат рачињата и нека се запрашаат зошто? Затоа што во Скопје постојат експерти наречени зен мајстори на сообраќајот. Тоа ти се оние луѓе кои имаат толкаво искуство во возењето автомобили, камиони и комбиња што сите физички и човечки правила нe важат за нив. Тие се амнестирани чисто од нивната посебна натчовечка способност да се движат низ улиците онака како што тие сакаат. Како река која тече сами си прават патишта и онаму каде што ги нема, а како брана прават застои онаму каде што нема застој. Се движат лево кога мора да се оди само десно..?

А најлоши од сите се пешаците. Да баш тие мали човечиња кои прават пешачки каде стигнат, за истиве правилата на црвено и зелено важат толку колку и за првите. Во прв ред се пензионери кои не само што им треба 30 минути да преминат улица туку и водени од инстинктот дека некогаш притајно од под јорган јуришале да го ослободат Скопје мислат дека улицата именувана по нивниот паднат другар маршалот е само нивна. На исто рамниште се и децата кои како дивеч претрчуваат со голема брзина и така нема никаква средина на она што се случува. Како плус ги додавам велосипедистите, кои во ова време се само старци кои припаѓаат на оние од пешак верзијата, само за фракција се побрзи и возат строго во осмица стил некаде на 2/3 од коловозот. Дури ни со мотор не можеш да се разминеш, а камо ли со кола.

Сега замислете сабајле, гужва, волови во коли и камиони тераат свој анархистички филм, не во позитивна смисла. Од друга страна дивеч и ослободувачи на јавни патишта поминуваат сечејќи ги артериите на градот, а вие заглавени поспани без првото кафе зошто можете да бирате кафе или серка кога ќе станете, седите зад волан, а саатот полека врти ли врти се додека не дојде 9 и вие повторно касните на работа. Ете тоа е градската состојба за која сите знаеме, можам да сочувствувам само со оние кои искачаат во 8, тоа мора да е Виетнам. Мотор за сите, велосипед за сите останати и ајт таму по патекана. Сите други кои поседуваат кола дај опаметете се паркинг мора да се плати, паркирај онаму каде што треба, не блокирајте улици ниту велосипедски или пешачки патеки зошто за секоја блокада преместувате по некој пешак и некој велосипедист со што влијаете погубно на општата состојба во градот. Замислете дури и вие сте посебни може да заебете толку многу нешта само за да си го терате ќејфот.

Холовиц аут.

Обиди се со

Многу причини зошто не треба да носите кацига

Дали некогаш вистински сте се запрашале која е поентата да носиш кацига додека возиш мотор …