Дома / Пишанки / Многу причини зошто не треба да носите кацига

Многу причини зошто не треба да носите кацига

Дали некогаш вистински сте се запрашале која е поентата да носиш кацига додека возиш мотор или велосипед?

Која е поентата “да се заглавуваш” во кацига кога возењето на мотор и велосипед значи слобода и ветер во косата…

Ако и вие не ја разбирате поентата се наоѓате на вистинското место.

#1. Што ќе ми е кацига кога одам само до продавница.

#2. Лето е, жешко е, не се дише камо ли кацига да носам.

#3. Возам скутер, смешно е да носам кацига…

#4. Ќе ми ја размачка шминката.

#5. Ќе ми ја измрси косата.

#6. Не можам, кога ќе ја ставам ништо не гледам.

#7. Ме стега, ме фаќа по малку каустрофобија…

#8. Што ќе ми е шлем додека возам велосипед.

#9. Смешно изгледам во кошула накај работа и шлем на глава.

#10. И онака возам само по велосипедска патека и не поминувам на црвено.

#11. Нема да возам брзо и внимавам на патот.

#12. Немам каде да ја оставам, треба цел ден да ја влечам со мене…

#13 Не се исплати, многу скапи се кацигиве, казниве се поефтини.

#14. Нема да може да ме видат дека сум јас со кацига.

#15. Не ми треба шлем за скијање, снег е, не боли многу ако паднеш…

#16. Абе цел живот работам градежништо, сега нешто ќе ми досаѓаат шлемови сме требале да носиме.

И покрај сите причини зошто да не носите кацига или заштитен шлем, оваа е најбитна.

Бонус:

#17. Ќе свртам кругче низ маало, не ми треба кацига…

Motochalant.

Обиди се со

12 слики кои претставуваат најдобро што беше 2016-та

Овој сендвич. Ова пластично капаче. 20016-та како лимон, како авокадо и како лубеница. 2016-та е ...