Дома / Пишанки / Скопска ситуација депресинг #21

Скопска ситуација депресинг #21

7381176089992632364Во духот на Игра на Троновите – Зимата доаѓа… А во Скопје заедно со раната есен и зимата доаѓа и смогот. Смог како смог, до денес ни е секојдневие и никој, ама баш никој не му ја мисли поинаку. Навиката во овој годишен период да се радуваме на чист ден ме наведува на помислата дека можеби и самите го заслужуваме ова! Верувајте како човек кој пати со опструкција на белите дробови немам никаква намера да навредам некого кој и да се препозна во текстот, само онака да биде еден потсетник за она што можевме да бидеме, а што одбравме да бидеме. Овци, тоа одбравме…

Дрвата ни ги отсекоа, си увезовме ефтини кршови од запад без никаква контрола и среќни се тркаламе секојдневно само во своите автомобили горди на секоја минута преку која го задушуваме веќе задушениот град. Евидентно е, секое намалување на температурите од сообраќај ги отсранува рекреативните велосипедџии и моторџии и ги внесува во железни кафези на тркала кои неизбежно поради зголемениот број прават поголем сообраќаен метеж, патувањата траат подолго и многу повеќе загадуваат. Меѓутоа настрана од сето тоа, што правиме со сите домови што се греат на дрва, а не поседуваат соодветни филтри на своите оџаци? Зарем вреди на долг рок она што си го правиме за да поминеме поефтино месецот?! Кој одлучува? Кој беше оној кривец кој што изгради толкав ПР позади дрвото дека е најефтина грејна алтернатива? Кој мајката негова?! Кој и да е доколку навистина го истражил пазарот за алтернативен начин на затоплување на домови свесен е во својата лага! Зарем се’ во државава се сведе на цена? Дали тоа значи дека сите ќе бутате сомнителни паштети од 5 денари и ќе јадете салами дома од 100 денари по кило? Не верувам, затоа што не им мислите зло на своите дома. Да постои проблем со стандардот во Македонија, ама да не се лажеме до толку, да бевме сите за трошка леб до сега ќе имаше револуција, а не нови коли и полни кафичи и кафани. Стои тоа дека тие што дремат по кафичи и кафани дотерани од глава до пети доколку ги превртиш наопаку и ги истресеш ќе имаат доволно за да си го платат кафето или пијачката, ама пак стои фактот дека таа кола, облека и тоа кафе или пијачка тие имаат како да го платат и одлучиле баш тоа да го прават. Престиж, почит, нешто поврзано со суета и како надвор те перцепираат, епа сето тоа е многу тешко да го постигнеш со алтернативен систем за греење и добра изолација, затоа што тешко се влече радијатор до кафич!

Како и да е, сеуште најголем проблем се фабриките кои чадат и најверојатно горат гуми затоа што ако не се гуми тогаш мора да се мртви кинези! – хинт затоа што имаат високо ниво на олово во крвта не зошто сум расист. Каде се филтрите, каде е контролата, каде по ѓаволите е најавената дислокација на Железара?! Попусто, но не би се откажал никогаш од борбата за плуќа полна свеж воздух. Затоа возам мотор додека можам, додека нема мраз поради тоа што сакам и поради тоа што е сколошки, ефективно и економично да се патува низ град со него. Се обидувам во месеците кога возам автомобил да носам некој од колегите на работа и дома со цел да не возам сам. Некогаш знам да користам и јавен превоз и да пешачам. Тоа е тоа, нема филозофија, ако сите дадеме барем 5% од себе да ја подобриме ситуацијата таа ќе биде подобра. Сите сме битни во приказната нема нешто како недоволен удел. Рециклирајте, садете дрва и цвеќиња кога и каде можете, возете ги колегите, направете исклучок барем неколку пати во месецот за начинот на кој патувате на работа, инвестирајте во поекономичен систем за греење кој ќе ви заштеди електрична енергија ќе биде ефикасен, заменете ги старите апарати колку што можете со нови А класа, променете ги сите сијалици со лед светилки и инвестирајте во прозори и изолација. Сето ова, дури и мали делови, ќе ви се исплати на долг рок, а со тоа што штедите енергија и ресурси го намалувате и загадувањето и допринесувате кон општеството за утре децата да имаат подобра иднина. Не ја заборавајте старата поговорка “сиромавиот двапати плаќа” – во случајов вториот пат миоже да е здравјето затоа не правете компромиси. Често во овој период за да се заштитам носам маска за еднократна употреба N95, поради која добивам чудни погледи додека се движам низ град, затоа што кај нас е императив да има загадување, но не и да има заштита за нашето здравје. Нели толку години сме живееле со смогот ништо не ни е, зошто некогаш би ни било… Заштитете се кога излегувате надвор, следете ја состојбата на воздухот и чувајте се!

Секое утро е исто и такво ќе остане, што би го сумирал преку стихови на Sound of silence – “Здраво темнино мој стар пријателе.” Холовиц..

Обиди се со

Многу причини зошто не треба да носите кацига

Дали некогаш вистински сте се запрашале која е поентата да носиш кацига додека возиш мотор …