За време на градењето на Ајфеловата кула, загинал само еден човек и тоа при поставувањето лифтови.
Факт #181
Редбад, последниот пагански крал на Фрисија (денешна северна Холандија) одбил да стане христијанин затоа што го “преферирал друштвото на своите пагански предци во Пеколот отколку друштвото на своите непријатели во Рајот”.
Факт #180
Марката “Адидас” е измислена од поранешен член на Нацистичката Партија, Адолф Даслер. Неговиот надимак бил Ади, а кованицата “Адидас” ја составил од својот надимак и од првите три букви на неговото презиме.
Факт #179
Наполеон и Хитлер се родени со разлика од 129 години, дошле на моќ со разлика од 129 години и ја окупирале Русија со разлика од 129 години.
Факт #178
Во 1866, Лихтенштајн ја окупирала Италија со војска од 80 војници и се вратила назад со 81.
Факт #177
Црвената панда е толку уникатна што нема ниту еден друг вид кој и е близок, всушност тие се единствени живи суштества од својот генус и фамилија.
Факт #176
Чинот на “Давање клуч од градот” е средновековна практика, во тој период од историјата портите на градовите се заклучувале во текот на ноќта, меѓутоа како посебна чест биле давани клучеви на луѓе кои имаат направено нешто големо за градот да може да се движат слободно.
Факт #175
Тиквите, лубениците, авокадото и бананите се бобинки, додека јагодите, малините и капините не се.
Факт #174
Nissan го користеле бројот 23 во мотоспортот затоа што бројот 2 преведен на Јапонски се чита “ни”, а бројот 3 се чита “сан”. Бројот 23 преведен е Ни-Сан.
Факт #173
Првиот веб сајт во светот, како што ние ги знаеме денес, бил лансиран во 1992 година и сеуште е онлајн.